(Видео) Стаклен лифт од кој може да се види целиот град ќе биде новата атракција во Њујорк

Њујорк на есен ќе добие нова атракција, стаклен лифт со кој посетителите ќе можат да се возат, а кој ќе биде поставен на една од највисоките  всикокатници во овој американски град, кулата на Менхетен, One Vanderbilt.

Стаклениот затворен лифт Ascent, ќе се движи дури 369 метри во височина и тоа од надворешната страна на зградата. Посетителите ќе имаат возбудлив поглед на градот.

За оние посмелите, ќе бидат специјално направени проѕирни стаклени кутии, кои ќе бидат поставени на небодерот и ќе ги подигнат посетителите на околу 300 метри над њујоршката авенија Медисон.

Кулата со 427 метри е четврта по височина во градот. Највисока е One World Trade Center, со 541 метар височина. One Vanderbilt ќе има кафе-бар, бар на балконот, тезги со храна, а ќе биде направена и највисоката во светот градска алпска ливада на отворено.

Дизајнирана е и уметничка инсталација за набљудување.

„Создадовме дестинација која нуди интерактивно искуство кое ќе се памети целиот живот, со најдобар поглед на целиот Њујорк“, изјавил Марк Холидеј, претседател и извршен директор на компанијата Sl Green.

„Тоа инспиративно, магично искуство ќе треба да се доживее за да се разбере. Њујорчани и патници од целата земја и светот постојано ќе сакаат да доаѓаат и да го посетуваат ова место“, додал тој.

Откако бројот на посетители паднал од 66,6 милиони во 2019 година, на 22,3 милиони во 2020 година, поради пандемијата со Ковид-19, градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, најави туристичка маркетиншка кампања за тој град, во износ од 30 милиони долари.

Scroll to Top