Од откриените древни траги на крајот на 18 век, локалните жители претпоставувале дека тоа е дело на ѓаволот и дека демонот излегол од пеколот низ кратерот на вулканот и им се придружил на луѓето на Земјата. Таа теорија се одржувала се до неодамна – до 2002 година, кога двајца аматерски археолози повторно го привлекоа вниманието на светската јавност на тие мистериозни траги.
Местото со тие отисоци се наоѓа меѓу селото Туоро/Форест и Пикили во Италија и се состои од три сета на фосилизирани отисоци и неколку распрскани отисоци на рацете, пишува Еnsijent oridzins.
he Devil’s Footprints, tracks on Roccamonfina volcano, were only identified as left by ancient humans in 2003. #FolkloreThursday pic.twitter.com/FFSRzTuUZk
— Ben Gazur (@BenTheEpicure) 6 October 2016
Дури откако отисоците се прегледани истражувачите од Универзитетот во Падова открил дека тие дефинитивно имаат човечко потекло. Освен тоа, потврдено е дека настанале некаде пред 385 и 325 илјади години. Отисоците на древните луѓе ретко кога така добро се зачувани во отворено опкружување, а експертите веруваат дека овие траги се зачувани благодарение на вулканот, односно лавата која поминала низ нив. Таа типично се состои од пепел, пламен и фрагментирани камења, па потоа истите тие биле покриени со вулкански пепел.
Тоа им бил заштитниот слој кој ги зачувал, а трагите се откриени дури откако ги испрала ерозијата во раниот 18 век. Една од интересните одлици на ѓаволските отисоци се повремените траги на рацете пронајдени на вулканот. Тоа сугерира дека тие траги ги направиле хоминиди кои оделе исправено, но им било потребно нешто на кое ќе се наслонат спуштајќи се низ стрмната планина.
Првиот сет на патеката, кој се состои од 27 отисоци на нозе, ја обликува буквата Z, што сугерира дека тој кој одел ја усвоил техниката на префрлање нога на нога, додека се спуштал низ брдото. Другиот и трет сет на патеки, кои се состојат од 19 и 10 осисоци на ногата, одат низ падината во релативно рамна линија. Сите траги исчезнуваат како последица на одењето, а не трачањето.
Научниците веруваат дека тие кои ги оставиле зад себе овие траги, биле во целост бипедални, односно биле хоминиди, кои оделе на две нозе, што значи дека рацете им биле потребни за да се потпрат за да имаат рамнотежа.
Трагите се долги приближно 20 сантиметри, и широки 10 сантиметри. Просечниот чекор е околу 1,2 метри, додека просечното растојание меѓу двете стапки изнесува околу 0,6 метри. На темел на тие информации, експертите веруваат дека тие кои ги направиле биле високи околу 1,5 метри.
Ние може никогаш нема да дознаеме што работеле луѓето на вулканот, но со оглед на сите траги кои водат кон едно исто место, а тоа е подалеку од кратерот на вулканот, широко е прифатена теоријата дека се спуштале низ истиот за да побегнат од ерупцијата.
Видеото погледнете го подоле: