Сондата „Инсајт“ испратена од НАСА на планетата Марс, ја направи првата фотографија на Црвената планета. Фотографијата е направена од роботска рака, која ја држи камерата, велат службите од американската вселенска агенција.
Сондата направила серија на фотографии од кои НАСА формирала мозаик. „Инсајт“ слетала на тлото на Марс на 26 ноември, а научниците велат дека засега се задоволни од тоа како течела мисијата.
Велат дека „Инсајт“ слетал на подрачје на кое нема камења, брда и дупки како што обично се замислува оваа планета.
First #selfie! I’m feeling healthy, energized and whole. This is me on #Mars. https://t.co/JJzFgSgh9q pic.twitter.com/wSN2OycHNO
— NASA InSight (@NASAInSight) December 11, 2018
Научниците од НАСА велат дека за прв пат имале ѝ можност да се воодушевуваат на црвениот песок на Марс. Сондата пред неколку дена ги снимила првите звуци, татнежи и ниски фреквенции на Марс. Се проценува дека ветерот бил со брзина од 16 до 24 километри на час.
By carefully swinging my arm out in front of me, I’m starting to get a better look at the ground in front of me where I’ll be doing my work. Meanwhile, kind of hypnotized by the play of light and shadow on my arm. More pics: https://t.co/tjr8tfsdEF pic.twitter.com/GAH2Ngi2FX
— NASA InSight (@NASAInSight) December 10, 2018
Научниците наведуваат дека станува збор за првите звуци направени на Марс, кој човечкото уво можело да ги слушне. Експертите велат дека леталото на НАСА и инструментите кои се инсталирани на него, имаат за цел да соберат информации кои ќе помогнат во откривањето за тоа како настанал Марс пред повеќе од четири милијарди години.
Леталото е направено по примерот на неговиот претходник, „Марс Феникс“. Раката на роботот на сегашното летало, е долга 1,8 метри.
Missed the news briefing on the #SoundsOfMars caused by Martian wind? Listen here: https://t.co/1De4MqeM1M pic.twitter.com/hGBouPZuQJ
— NASA InSight (@NASAInSight) December 7, 2018