(Видео) Стотина луксузни автомобили изгореа во Италија

Во пожар што се случил во вторникот во Италија, покрај скапоцените „масерати“, најмногу настрадаа и возилата од типот „фиат 500L“.

Како што пишуваат локалните медиуми, пожарот избил во вторникот, на 30 октомври, околу 3:30 часот утрото. Зафатил стотина возила меѓу кои биле и автомобили од марката „масерати“ наменети за пазарот на Блискиот Исток.

На пожарот му претходела бура која резултирала со пораст на нивото на морето во пристаништето Савона. Паркингот со новите автомобили предвидени за извоз целосно бил поплавен.

Акумулаторите на некои од паркираните возила по изложеноста на морската вода, експлодирале, а поради силниот ветер, пожарот брзо се проширил и на стотина други автомобили.

Локалните медиуми наведуваат дека меѓу изгорените возила најмногу ги имало од марката „масерати“, а на снимката по пожарот биле забележани и уништени возила од моделот „фиат 500Л“.

Временските услови дополнително им ја отежнала работата на пожарникарите, а дополнителна закана претставувале и повремените експлозии на автомобилите.

За среќа, никој од пожарникарите кои учествувале во гасењето на пожарот не е повреден.

Scroll to Top