(Видео) Стотици без маски на журка во ноќен клуб во Струмица

На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од забави во струмички ноќен клуб каде присуствуваат голем број на луѓе без маски и кој не ги почитувале  здравствените прописи, до толку како коронавирусот воопшто и да не постои. Фолк пејачот Ѓоко Јовиќ пеел за гостите.Од Пазарниот инспекторат велат дека во петокот извршиле контрола во овој клуб и биле регистрирани неправилности, по што направен е записник и ќе биде поднесена кривична пријава.

Викендов во клубот „Аватар“ се одржуваа концерти на кои, според фотографиите објавени на социјалните мрежи, ниту еден од присутните не носи маски.

Scroll to Top