Марк Рапли ја спасил својата сопруга Шантел Дојл од голема бела ајкула. Настанот се случил на плажата Шели во Нов Јужен Велс, каде Дојл сурфал.
Тој скокнал од даската на морското куче и го удирал, сè додека не ја пуштило. Шантел веднаш била префрлена во болница, каде и биле утврдени сериозни повреди на десната нога.
Експертите велат дека таа била нападната од млада голема бела ајкула, долга околу 3 метри. Спасувачите го пофалиле Рапли за неговата брза и херојска реакција.
Ова е трет сериозен напад на ајкула во тој дел од крајбрежјето во последните неколку месеци.