(Видео) Тепачка, крвави глави, црвени картони на фудбалски меч

Фудбалерите на Валенсија успеаа да се изборат за полуфинале во Кралскиот куп, со победата над Хетафе од 3:1. Сепак мечот ќе остане запаметен по тепачката која изби на крајот од мечот меѓу фудбалерите на двете страни. Беа нападнати и судиите.

Драмата почна во 92 минута, момент до кој Хетафе веќе имаше поволен резултат за понатамошен пласман (поради победата во првиот меч со 1:0). Сепак со головите на Родриго во 92 и 93 минута, „лилјаците“ успеаа да се плсираат во понатамошната фаза.

Фудбалерите на Хетафе незадоволни од одлуките на судијата за продолжување на мечот од седум минути, како и некои донесени претходни одлуки во текот на мечот, револтот го насочија кон домашните фудбалери.

На крајот главниот арбитар Хавиер Естрада Фернандез имаше голема работа. Уште во текот на играта поради два жолти картони беше исклучен Даконам. Во истекот на деведесетата минута, Хавиер исклучи уште двајца играчи на Гетафе и Валенсија, Бруно и Диакхабија.

Исто така казнет беше и помошниот тренер на Валенсија Марселино, поради тепачка и провоцирање на теренот.

„Кога заврши мечот Бруно го нападна Диакаби кој влезе на теренот, го фати за врат ѝ го удри. Неколку играчи мораа да ги раздвојуваат“, опишал во извештајот, главниот арбитар на мечот.

„Го фатив за врат ѝ го удрив“, признал подоцна играчот на Хетафе.

Помошникот на Валенсија излегол на теренот и почнал да ја слави победата и да ги провоцира гостите пред нивната клупа. Драмата продолжила и во тунелот, кога неколку играчи го нападнале помошникот судија незадоволни од неговите одлуки.

На почетокот бил нападнат од одбрамбениот играч Дамиан Суарез а потоа и неговиот соиграч Јамие Мата.

„Кога мечот заврши, во тунелот еден од моите помошници беше турнат од член на екипата на Валенсија. Прво го удри, а потоа му се закани со прст“, објаснил Хавиер во извештајот.

Сега се чекаат казните кои можат да бидат изречени до фудбалерите и кои се играчи на Валенсија може да им биде забрането да играат во полуфиналето во Шпанскиот куп.

 

 

Scroll to Top