(Видео) Тинејџерка сама со авион го прелета светот и постави нов Гинисов рекорд

Зара Радерфорд на 19 години со својот авион прелета 51.000 километри и постави светски рекорд како најмлада жена што сама го обиколила светот. Зара, aвијатичарка со белгиско-британско потекло, тргна на пат на 11 август и леташе 155 дена.

Зара ќе влезе и во Гинисовата книга на рекордите откако постави нов рекорд во оваа категорија, што од 2017 година ѝ припаѓаше на 30-годишната американска авијатичарка Шаеста Вајз, објави агенцијата АП.

Пред полетувањето Зара изјави дека се надева оти на овој начин ќе им го отвори патот на девојчињата и жените во областа на науката, технологијата, инженерството и математиката и ќе инспирира другите девојки да ги следат нејзините стапки.

„Сакам да летам низ светот. Нека ме видат девојките и нека си помислат: ‘Би сакала и јас да летам еден ден’. Во авијацијата постои разлика меѓу мажите и жените. Мојата цел е да се доближам до рекордите, а потоа се надевам дека други девојки ќе се обидат да го надминат мојот рекорд и ќе почнат да се натпреваруваат со момчињата“, рече таа лани во август.

Тинејџерка сама ќе лета околу светот со својот авион

Scroll to Top