(ВИДЕО) Тинејџерка седна зад воланот, и ја уби помалата сестра – Крвавиот судар го пренесе во живо

By

Калифорниската тинејџерка направи емотивна снимка, од страшната несреќа на Инстаграм, а потоа ја сними нејзината смртно повредена сестра.

dobivaj vesti na viber

Обдулија Санчез (18) се сними себе си како вози под влијание на алкохол на патот во Калифорнија, со две 14 годишни девојчиња на задното седиште, пренесува KSFN-TV.

Камерата изненадувачи се затресе, а во позадина се слушна девојката како вика. Кога снимката се стабилизираше се одвиваше крвава сцена.

„Жалин, те молам потруди се. Јас ја убив сестра ми, ок? Знам дека одам во затвор. Го разбирам тоа. Но, не се грижам за тоа. Извини, бебе. Јас ќе издржам“, вели Обдулија, обидувајќи се да ја потресе 14 годишната Жаклин Санчез.

Калифорниската полиција тврди дека Обдулија била под влијание на алкохол кога возилото ја пробило бодликавата жица пред да заврши во полето.

Жаклин седела во задниот дел на возилото без појас и загинала кога била исфрлена од возилото, пренесува „New York Post“.

Таа е задржана во окружниот затвор поради обвинувања за убиството во текот на возењето под влијание на алкохол.

Погледнете го видеото:

 

 

Ќе ви се допадне