Седумнаесетгодишна девојка е уапсена откако украла мал авион на аеродром во централна Калифорнија, а потоа удрила со него во ограда.
„Девојката успеала да се прекачи преку оградата на меѓународниот аеродром ‘Јосемити’ во градот Френсо, влегла во авионот и удрила во оградата“, изјавил шефот на полицијата на аеродромот Дру Бесинџер, пренесува „Асошиетед прес“.
Ниту еден патнички авион не бил во опасност поради тој инцидент, а во него никој не е повреден, додал Бесинџер.
Тој изјавил дека полицијата испитува зошто девојката го укарала авионот, но дека нема никакви индиции дека нејзините мотиви се поврзани со тероризам.