(ВИДЕО) Тој е без една рака и нога, а шие како професионалец

Почнувајќи од пишувањата, цртањата, облекувањата, купувањата, полека се повеќе станал независен…

Мадан Лал е роден во Харијани во Индија, но без рака, но тоа не го сопрело да стане на широко познат, прифатен па и неопходен во своето опкружување.

Целиот свој живот можел да пати затоа што бил поинаков, и не можел ниту да си игра со другите деца, ниту да учи како и сите останати. На некој начин бил зависен од другите луѓе, но потајно цело време учел да се осамостува, и да ако не со рацете, да работи со нозете.

„Наставниците не ме сакаа во школо, затоа што не знаеја што со мене да прават, како да ме научат нешто и како воопшто можам да пишувам. Тогаш одлучив на сите да им покажам што можам“, вели Мадан.

Почнувајќи од пишувањата, цртањето, облекувањето, купувањето, полека се повеќе стана независен, додека во исто време во нозете имал се повеќе самостојност и вештини. Тоа довело до тоа да може сам да работи некои мошне сложени и валкани работи, како што е шиењето, кое на крајот му станало професија.

„Си помислив во себе, добро, ако ни моето семејство ни оваа влада ниту општество не сакаат да ми помогнат, и да ми дадат шанса, тогаш ќе морам нешто самиот да смислам и да научам како да опстанам во овој свет“, јасен беше тој.

За време на годините научи да шие, а потоа набави и своја шијачка машина, за да по 22 години работа, дојде до ниво да има и своја реклама за услугите, а на комшиите им зема мерка и шие што и да ќе побараат.

„Дури ни кројачот кој кого го научив занатот, на почетокот не сакаше да ме научи. Ме праша како ќе шијам без една рака. Го замолив да ми даде барем шанса. По 15 дена, ми рече дека ќе успеам. Тоа ми беше првата пофалба во животот“, откри Мадан.

Овој насмеан човек сега сам заработува за својот живот и има се повеќе муштерии, а неговата животна приказна сигурно може да биде инспирација за многумина.

 

 

Scroll to Top