(Видео) Тони отпад од сателити кружат околу Земјата

Томас Рајтер, координатор од Европската вселенска агенција, предупреди дека во Земјината орбита има премногу сателити и за да се избегнат судари или оштетувања, мораат да изведуваат многу маневри.

Тој објасни дека Земјината орбита е преполна со различен отпад. Состојбата значително се влошила во изминатите неколку децении, а проблемот продолжува драматично да се зголемува.

„Има премногу отпад кој е насобран од вселенските летови“, изјавил Рајтер на форумот во германскиот град Бремен посветен на работата на космичките летови.

Тој предупреди дека неодамна успешно е лансиран сателит, кој ќе доведе до радикални промени на глобалниот пристап на интернет, но не објасни за каква промена станува збор.

Русија досега во орбитата има испратено рекордни 72 сателити, потоа следува Индија со 31 сателит испратен во вселената.

Scroll to Top