(Видео) Трагичен крај за детето кое 13 дена беше заробено во бунар

Спасувачките тимови во градот Тоталана во Шпанија го пронајдоа мртвото тело на двегодишниот Хулен Росел кој 13 дена беше заглавен во бунар во градот Тоталан во Шпанија.

Неговото тело било пронајдено рано утрово од страна на спасувачките тимови. Службите морале да копаат тунел за да дојдат до него, изјавил портпаролот на владината канцеларија во Малага.

Од таму велат дека ќе биде покрената истрага за да се утврди како момчето се нашло во бунарот. Првичните информации говорат дека Росел на 13 јануари паднал во необележан бунар длабок 110 метри.

Во тој период момчето било на пикник со неговите родители.

Scroll to Top