(Видео) Три сонца снимени на небото во Русија

Утрово на руското небо биле снимени три сонца, или феномен познат под името halo. Оваа оптичка илузија била забележана на северниот дел на Русија, поточно над автономниот округ Јамало-Ненецки.

Директорот на окружниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина, Артиј Кошкин, вели дека ваквата појава е вообичаена и честа во овој дел од светот.

„Тешко ми е да зборувам за halou, затоа што кај нас во Салехард (административниот центар на Јамало-Ненецки) на пример денес е облачно. Тоа е оптичка појава поврзана со честичките, кристалите, ситниот снег и влажноста кои се наоѓаат во воздухот“, вели Кошкин и додал дека ова е прилично честа појава во оваа област.

Според неговите зборови, ваквите феномени се можни благодарение на цела низа фактори, кои главно најмногу зависат од кондензацијата на ситните честички во воздухот.

Притоа не секогаш е важна ниската температура. На пример денеска, на 13 февруари, температурата во регионот не паднала под 13 степени, што е релативно топло, истакнал Кошкин.

Scroll to Top