За оние кои што пробале велат дека возењето со жичара низ најголемиот италијански архипелаг, Тосканскиот, се до највисокиот врв Монте Капане (1019 метри надморска височина) е искуство кое никогаш нема да го заборавите.
Двајца можат да влезат во кабината која изгледа како кафез за птици, а возејќи се низ водата и шумата ќе стигнете се до врвот на Елба, еден од најубавите италијански острови.
Дваесет минутната тишина повремено може да биде прекината од звукот на птиците и мирисот на медитеранските билки кои за оние кои искусиле велат ќе допринесат за бајковитата атмосфера.
Единствено нешто што може да ви го уништи ова уживање е стравот од височина. Кога е добра видливоста, погледот може да стигне ѝ до Корзика.
Можат да се видат и островите Пијанос, Капрај, Горгон и Монтекристо, најмистериозниот остров во Европа,