(Видео) Уапсена наставничка која вакцинирала тинејџер во нејзиниот дом

Наставничката Лора Русо од Лонг Ајленд, е уапсена затоа што вакцинирала 17 годишно момче во нејзиниот дом без одобрение на неговите родители.

Русо која работела во јавно школо била уапсена за време на новогодишната ноќ, откако родителите ја известиле полицијата, пишува NBC New York.

Официјални власти велат дека обвинувањата не се однесуваат на одговорните во школото, затоа што вакцинирањето не се случило таму.

Момчето кое има 17 години, наводно и бил пријател на нејзиниот син и сакал да ја прими вакцината, но, не можел затоа што во тој момент неговата мајка не му дозволила.

Откако ја примил вакцината, тој си дошол дома и им раскажал на родителите што направил. Мајка му веднаш случајот го пријавила во полиција.

Властите соопштија дека Русо легално поседувала боца со вакцина против ковид 19 во нејзиниот дом, но, засега не знаат од каде таа истата ја набавила.

На видеото кое го објави „Њуз 4“, се гледа како натавничката му ја дава дозата вакцина одобрена само за Американци постари од 18 години. Истражителите велат дека работат на случајот како Русо дошла до вакцината.

Scroll to Top