ВИДЕО: Украинските танчери направија магија на сцената – Американското жири во ШОК!

Танчерската група од Украина „Light Balance“ го воодушеви жирито и гледачите на американското шоу „America’s Got Talent“ и заработи директен премин понатаму, благодарение на Tyri Banks која по нивните точки одлучија да притиснат „Golden Buzzer“.

На сцената најпрво се појави осветлен брадест човек и тачерската точка ја започна самиот. Но, потоа зад него се појавија уште шест светлечки ликови и започна вистинска магија на сцената.

„Воодушевена сум. Дали ова беше нешто неверојатно? Лудо добро!“, ја фалеше воодушевена Тира Банкс пред да отиде до „златното копче“.

Нивниот настап беше прикажан на крајот на јуни, но на социјалните мрежи и понатаму не престанува да се збори за тоа, а снимката стана вирална. Ова не беше нивен прв настап на ова шоу, откако во 2014 година се појавија и во Британското, инаку исто така популарната емисија.

Scroll to Top