Дваесет и седумгодишната Сривалук Акетамсатиен од Тајланд, признала во полиција дека украла бебе од болница, затоа што се плашела да му каже на сопругот дека го изгубиле нивното. Сривалук била снимена од камерите во едно породилиште, во местото Панг Нга, на југот од земјата.
Таа вели дека минатиот месец го изгубила бебето, но се плашела да му каже на сопругот да не ја повреди. Тој бил премногу возбуден и среќен што ќе стане татко. Таа се преправала дека е трудна, а работата ескалирала кога била во болницата каде се спријателила со една двојка, која добила ќерка.
Му јавила на сопругот дека ноќта ќе ја мине во болницата. Следното утро им се понудила на брачната двојка да им помогне, а потоа им го украла бебето. За среќа ја снимиле безбедносните камери. Сривалук му го покажала бебето на сопругот, а тој и поверувал дека тоа е неговата ќерка.
Сепак полицијата брзо го решила случајот и Сривалук истиот ден била уапсена. Таа го признала злосторот и сега и се заканува казна од 3 до 5 години затвор.