Велосипедистот Рид Шонел имал голема среќа во незгодата која се случи на еден магистрален пат во американската сојузна држава Аризона. Шонел при голема брзина додека го возел велосипедот налетал на елен.
Неговиот пријател Брајан Рајд поставил камера на задниот дел од велосипедот, по што бил снимен вознемирувачкиот момент во кој Шонел буквално паднал на глава по сударот со дивото животно.
Велосипедистите велат дека еленот успеал да избега во шумата и дека не покажувал знаци на повреди.
„Бев свесен и не покажував никакви симптоми на потрес на мозокот. Поради тоа не ми беше потребна никаква медицинска помош. Сепак, иав големи болки“, вели Шонел.
Тој прецизирал дека скршил мала коска во стапалото и дека има доста модрици и мали рани по рацете, од падот на асфалтот.