(Видео) Венчавка под вода на Флорида

Британски војник и поранешна инструкторка по нуркање се венчаа под вода во националниот резерват за заштита на морскиот свет на архипелагот Флорида Киз, во сојузната американска држава Флорида.

Водникот Томас Мулд и Сандра Хајд, кои се венчаа по четири години забавување, користеле таблет отпорен на вода за да си ги разменат брачните завети.

Мулд и Хајд се запознале кога војниот отишол на обука за нуркање на Флорида Киз, каде Хајд работела како инструкторка.

Таа него го посетувала во Велика Британија, а тој неа во САД. Одлучиле да се венчаат и го испланирале венчавањето во текот на летото во една стара англиска црква, но подоцна го смениле мислењето.

Како што пренесува „АП“, двојката сфатила дека венчавањето под вода на Флорида Киз  не е само прикладно туку и економично.

Двојката медениот месец го минува на Флорида Киз, каде што планира да го почне заедничкиот живот.

Видете:

 

 

 

Scroll to Top