(Видео) Владимир Путин конечно го покажа својот таен кабинет

Претседателот на Русија за првпат јавно го покажа својот таен кабинет во првата зграда во Кремљ. Во тој кабинет, Путин не држи јавни состаноци, па претходно неговата врата никогаш не била отворена за новинарите.

Путин за време на интервјуто за програмата „Русија, Кремљ, Путин“ за телевизијата „Русија 1“, направи исклучок од ова правило. Претседателот почна разговор со новинарите во својот кабинет.

Тука обично ги одржува работните состаноци и состаноците со помал број учесници. Путин изјавил дека зад вратата има уште неколку простории.

„Таму е трпезаријата и собата за одмор. Но, ве предупредувам, не подготвив ништо, така што таму е работна атмосфера“, изјавил шефот на државата.

„Вие сте првите што дошле тука“, им кажал Путин на новинарите, покажувајќи им го кабинетот.

Покрај претседателската маса, поставени биле и детски цртежи и подароци упатени до претседателот. На ѕидот на кабинетот бил портрет од Петар Први. Внатрешноста на просторијата била целата во светли бои.

Путин призна дека понекога има потешкотии да разговара со колегите во својата канцеларија. Тој кажал дека имало и тешки разговори со своите соработници.

Scroll to Top