(Видео) Владимир Путин му ја исполни желбата на десетгодишно момче за Нова година

Рускиот претседател Владимир Путин им ги исполни желбите на две деца од областа Тулска за Нова година. Путин на 5. декември, за време на последните настани посветени на волонтерите, одбрал две деца на кои им ги исполни желбите.

Десетгодишниот Александар Кољасников имал желба да прегрне панда.

„Александар заедно со родителите стигна во руската престолнина и под надзор на вработените во зоолошката во Москва, Александар имаше средба со пандата“, е наведено во соопштението на рускиот претседател.

Александар престојувал во посебен простор за обука каде им бил забранет влез на обичните посетители. Вработените во зоолошката му објасниле на Александар како животните ги минуваат деновите, како се грижат за нив и го проучуваат нивното однесување.

„Возбуден сум и среќен. Многу ги сакам пандите. Тие се големи и меки“, изјавило момчето.

Путин имал и телефонски разговор со Александар и неговите родители на кој им посакал среќна нова година и божиќни празници.

Scroll to Top