(Видео) Владимир Путин вози камион на симулатор

Рускиот претседател Владимир Путин своите први километри зад воланот на камион ги направил на симулатор.

Додека учел да вози, инструкторот покрај него бил нервозен и се мачел додека гледал како претседателот вози бавно. Инструкторот почнува да му вика на својот шеф на државата:

„Одиме, одиме, вози руски“.

Путин во симулаторот влегол мошне самоуверено, додека неговиот инструктор бил вознемирен. На снимката јасно се слуша како му наредува на првиот човек на Русија.

„Одиме! Гас! Гас! Гас кога ти велам, дај гас! Вози по руски, брате, гас! Одиме, одиме, одиме“, му викал инструкторот на Путин.

Медиумите пренесуваат дека инструкторот бил Владимир Чагин, повеќекратниот шампион во релито „Дакар“. Според коментарите, многумина сметаат дека бил немилосрден кон рускиот претседател.

Scroll to Top