(Видео) Во Амазонија букнаа над 1.000 пожари во само во еден ден

И покрај воведените мерки, бројот на пожари во бразилскиот амазонски регион и понатаму расте, покажуваат официјалните податоци.

Во девет бразилски држави кои граничат со амазинскиот басен, бројот на пожари пораснал за повеќе од 20% во јули, во споредба со истиот месец минатата година, а тие податоци ги објавил Националниот институт за истражување на вселената Inpe.

Од Институтот велат дека во јули оваа година биле регистрирани 6804 пожари, во споредба со 5318-те во јули минатата година. Официјални лица се плашат дека 2020 година би можела да биде уште полоша од 2019 година, за прашумите во Бразил.

Само во четвртокот со сателит биле снимени 1007 пожари во Амазонија, што бразилскиот „Гринпис“ го нарекува негативниот 15 годишен рекорд за ден во јули.

Активист на „Гринпис“ Ромуло Батиста изјавил дека Активистот на Гринпис, Ромуло Батиста, изјавил дека забраната за горење растенија со службен декрет, нема да биде во сила додека не се зајакне надзорот на ова поле.

Scroll to Top