(Видео) Во Хјустон успешно раздвоени сијамски близначки

Во една детска болница во Хјустон, Тексас, во САД, била извршена успешна операција на сијамски близначки родени во 2016 година.

Операцијата била извршена пред еден месец, а сега 13-месечните бебиња се во добра здравствена состојба.

Тие биле споени во делот на градниот кош и стомакот.

Сестрите близначки се родени на 29 декември 2016 во семејството на Џил и Мајкл Ричардс во северен Тексас.

 

Scroll to Top