(Видео) Во Кина откриен совршено зачуван ембрион на диносаурус стар 66 милиони години

Научниците во Кина објавија дека откриле совршено зачуван ембрион на диносаурус кој тукушто требал да излезе од јајцето, слично како кокошките. Ембрионот е пронајден во Ганжу во јужна Кина и се проценува дека е стар најмалку 66 милиони години.

Се верува дека станува збор за беззаб теропод или овирапторосаурус. Научниците го крстиле Бебето Јинглијанг и измериле дека е долг 27 сантиметри.

„Ова е најдобриот ембрион на диносаурус кој некогаш бил пронајден во историјата“, изјави истражувачот Фион Ваисум Ма.

Откритието дава подобро разбирање за врската помеѓу диносаурусите и модерните птици. Фосилот покажува дека ембрионот бил во свиткана позиција и вакво однесување се гледа кај птиците непосредно пред да се изведат.

„Ова укажува на тоа дека ваквото однесување кај модерните птици прво потекнало и еволуирало од нивните предци диносауруси“, додаде Ма.

Овирапторосауруси биле диносауруси со пердуви кои живееле во денешните Азија и Јужна Америка во периодот пред 100 до 66 милиони години.

 

 

Scroll to Top