(Видео) Во мај наврна половина метар снег на Балканот

Дел од медиумите во Хрватска пишуваат дека во земјата настанала промена на времето кое со себе донело пад на температурите, но и снег. Снегот утрово бил забележан во Завижан, Учка, Платка и дел на Северен Велебит.

На веб страната на Националниот парк Северен Велебит било објавено дека бил забележан снег од половина метар. На Завижан биле измерени 29 сантиметри снег.

Метеоролозите најавија дека во целата земја ќе биде  на сила предупредувањето Метеоаларм. Експертите стравуваат од силни, обилни врнежи и поплави.

 

Scroll to Top