(Видео) Во последен момент ајкула му го улови пленот

Двајца браќа останаа без својот плен додека ловеле риба покрај островот Нантукет во Месачусетс. Додека се обидуваа да ја извлечат рибата со трската, голема бела ајкула се појави на површината и ја изеде рибата.

„Го снимав брат ми додека лови риба, кога одеднаш се појави од никаде голема бела ајкула. Малку фалеше мојот брат да остане и без рака“, изјавил Пол Дерба.

После овој инцидент загриженоста кај луѓето стана се поголема. Претходниот ден, во овој дел на земјата од напад на ајкула почина студентот по технички науки Артур Медичи.

 

Scroll to Top