(ВИДЕО) Во Швајцарија отворен највисокиот пешачки мост во светот

Мостот на Европа е претставен како сосвен дел од дводневната пешачка рута меѓу Цермат и Грахен, во Јужна Швајцарија, со поглед на планинскиот врв Матерхом.

Речиси 500 метри долгиот пешачки мост е отворен во близина на швајцарскиот град Цермат и претставен како најдол пешачки мост на светот.

Висечкиот мост, наречен „Мост на Европа“ (Europabrücke) e долг 494 метри, а поставен е на височина од 85 метри, над кањонот Грабенгуфер. До него е потребно да се пешачи со часови, но целото доживување и поглед секако се исплати за секој труд. 

 

Туристичката организација „Cermata“, официјално соопшти дека станува збор за најдолгиот таков мост на светот.

Во австрискиот град Ројте веќе постои пешачки мост од 405 метри, кои се наоѓа на висина од 110 метри над земјата.

 

Новиот мост во Цермат го замени досега постоечкиот, кој претходно го оштетиле карпите, кои паѓале на него. Неговата челична сајла е тешка осум тони, а опремен е со систем кој го штити од љуљање. Безбеден е за пешаци, но не се препорачува да се пешачи по него за време на бура, поради опасноста од громови.

Мостот Европа е претставен како составен дел од дводневната пешачка патека меѓу Цермат и Грахен во јужна Швајцарија, со поглед на планинскиот врв Матерхом.

 

Scroll to Top