(Видео) Водител не си ги измил рацете 10 години, вели бактериите не постоеле

Водителот на телевизијата Fox news, Пит Хегест, вели дека не си ги измил рацете цели 10 години. Пит вели дека се води од логиката дека „тоа што не го гледа, не ни постои“.

„Не можам да ги видам бактериите, што значи дека не постојат“, изјавил Хегест, а пренесува „Гардијан“.

Пит е еден од омилените водители на американскиот претседател Доналд Трамп и го следи репутација дека е приврзаник кон сегашното раководство на Белата куќа.

Неговата последна изјава веројатно многу го загрижила американскиот претседател Доналд Трамп, за кого се знае дека поради разните бацили и бактерии не сака премногу да се поздравува со луѓето.

Се почнало кога водителот во програмата јавно открил дека изел парче од пица кое му останало во фрижидерот недела дена, а потоа додал дека не си ги измил рацете повеќе од 10 години.

Подоцна кога почнале нападите врз него на социјалната мрежа „Твитер“, се обидел да се „измие“ оправдувајќи се дека сето тоа што претходно го кажал било шега.

Исто така Хегест додал дека сака да пие вода директно од црево и дека не носи кацига кога вози велосипед.

 

Scroll to Top