Најмалку 28 лица, повеќето деца се повредени денес во несреќа во забавен парк Сан Хосе де ла Ринконада во близина на Севиља, соопштиле шпанските власти.
Според наводите на шпанските медиуми, вртелешката пукнала на два дела. Посетителтие на паркот велат дека присуствувале како на сцени од хорор филм. Кога се преполовил системот за поддршка на вртелешката, децата кои биле на неа, почнале да испаѓаат од седиштата.
Некои во паника и самите почнале да се фрлаат. Оние кои паѓале на земја, ги приклештил металот од вртелеката која се распаднала. Од општинските служби за вонредени ситуации во Севиља, соопштиле дека девет лица веднаш се пренесени во локалната болница.
Според наводите на градското мнозинство Ла Ринконада, безбедносната инспекција утврдила дека сè е во ред со вртелешката. Медиумите пишуваат дека локалните власти ги истражуваат причините за дефектот.