(Видео) За малку ќе ја кремирал жена му жива

Тавин Сопајорн (73) од Тајланд за малку ќе ја кремирал својата сопруга Пиниј за која мислел дека е почината. Во болницата каде лежела неговата седумдесетгодишната жена, лекарите му кажале дека починала. Пиниј боледувала од оток во тироидната жлезда.

Како што налагала традицијата, во моментите кога требала кремацијата да почне, Тавин и го измил лицето. Тогаш забележал дека Пиниј дишела и очите повремено и се отворале.

„Кога престана да дише во неделата, ја ставивме во ковчег. Ни беше чудно што нејзиното тело не беше вкочането. Додека ја бањав, нејзиното тело беше подвижно. Потоа за време на погребот, бев последниот кој ја допре, пред да почне кремацијата. Посакав во следниот живот да биде среќна, а потоа видов како очите и се отвораат“, раскажува Тавин.

И неговите деца не можеле да поверуваат што се случило.

„Среќен сум што е живо. Ја прегрнав и ги викнав децата. Тие мислеа дака халуцинирам. Но, мораа да ми поверуваат кога и мојата снаа, која е доктор, ја прегледа и потврди дека е жива. Пулсот и беше многу слаб“, вели тој.

Иако Пиниј била жива, таа не можела да реагира ниту да разговара. Семејството сакале веднаш да ја однесат дома. Покрај неа ставиле топол вентилатор, и шише топла вода на градите, за да и ја зголемат телесната температура.

„Состојбата на мојата сопруга е тешка и мислам дека нема да може да се излечи. Но, сеуште беше жива и не и беше време да умре. Ако ја кремиравме додека беше жива, ќе беше многу полошо. Не знам како не приметивме досега дека е жива? Благодарен сум му на бога, што забележав дека мојата жена е жива. Ќе продолжиме да се грижиме за неа“. изјавил Тавин.

Scroll to Top