(Видео) Жена трчаше низ оган за да спаси коала

By

Социјалните мрежи се преполни со снимки и фотографии од пожарите во Нов Јужен Велс во Австралија. На една од нив Австралијка успеа да спаси коала од шумските пожари.

Таа го соблече горниот дел од облеката и го замота животното кое имало видливи изгореници. Веднаш ја однеле во болница, а лекарите велат дека се наоѓа во тешка животна состојба.

Австралиските власти и служби веќе со недели се борат со големите пожари. Најмалку шест лица го изгубија животот, а во најголема опасност се животните во шумите кои се во пламен.

Досега се верува дека настрадале преку 350 коали, а штетата допрва ќе се утврдува.

Ќе ви се допадне