Википедија го прославува 18. роденден

На 15 јануари 2001 година е основана слободната интернет-енциклопедија Виипедија која може секој да ја уредува и преку која денес слободно се споделува и пристапува до најразновидни содржини на знаење, податоци и информации на повеќе од 280 јазици, меѓу кои и Википедија на македонски јазик од август 2003 година.

Минатата 2018 година Википедија на македонски јазик за заврши со 98 000 статии, а стратешката цел за достигнување на 100 000 статии се очекува да се достигне оваа година, преку создавањето содржини во разните тематски проекти на Википедија кои ги спроведува „Споделено знаење“ огранокот на светската Викимедија Фондација од Сан Франциско задолжена и овластена да ги спроведува проектите и иницијативите на Викимедија, а пред сè слободната интернет-енциклопедија Википедија на македонски јазик, во Македонија.

Сите програмски и проектни активности на Споделено знаење и Викимедија се спроведуваат во три главни програмски подрачја: Образована програма во училишта, високообразовни установи и независни предавања и обуки; проекти за поддршка на заедницата во кои спаѓаат уредувачки потфати на јавни настани со различни целни групи, фотографски натпревари и  проекти спроведени во партнерства со различни институции, установи и организации, а преку сите овие активности се создаваат тематски содржини и се обучуваат доброволци за правилно, веродостојно и квалитетно уредување и создавање  статии на Википедија на македонски јазик.
На 15.01.2019 (вторник) во кафе-барот „Концепт 37“ ќе се одржи настан за одбележување на 18. роденден на Википедија со пригодна програма во чии рамки се предвидени: Презентации за „Основите на Википедија“ и   „Достигнувања, бројки и факти за Википедија на македонски јазик – минато, сегашност, иднина“; Доделување на наградите за победниците на фотографскиот натпревар „Вики ја сака храната 2018“; Доделување на наградите за победниците на уредувачкиот натпревар на Википедија на македонски јазик на тема „Острови“; Доделување на признаници и благодарници за членови на заедницата и доброволци кои остварија значаен придонес и помогнаа за проширување и подобрување на проектите кои се спроведуваат на Википедија; Брза вики-обука: брза, кратка и начелна обука за уредување статии на Википедија преку изворниот-кодиран (html) и нагледниот визуелен уредувач и алатката за превод, каде што присутните ќе создадат или подобрат по некоја статија на Википедија; сечење на торта со логото на Википедија.
Настанот е од отворен карактер за сите заинтересирани да го посетат овој настан, за дружба и запознавање со Википедија и македонската вики-заедница.
Scroll to Top