НБА ѕвездата Леброн Џејмс вели дека è иритиран од потегот на тренерот на „Кингс“, Владе Дивац, кој бил дел од зделката која никогаш досега се нема случено во НБА. Играчот Харисон Барнс бил трејдуван среде натпревар.
Леброн објасни дека не го критикува Дивац за тоа што го направил туку дека нешто мора да се промени во начинот на трансфери во ова натпреварување.
Овој потег на главниот менаџер на „Кингс“ Владе Дивац, повеќето аналитичари го оценија како одлично направена работа, но некои играчи се многу гневни поради начинот на кој овој трансфер е направен.
„Дозволете ми да кажам дека ова е кул што го направија, затоа што сметале дека тоа е најдобро за клубот. Го заменија овој човек додека буквално играше на паркетот и немаше поим што се случува. Не го критикувам тој што го заменил, затоа што ова е бизнис и во него мораат да се направат работи за кои чувствувате дека треба да ги направите, но нешто мора да се промени“, напишал меѓу останатото Леброн Џејмс.
Барнс кој има шампионски прстен и è американски репрезентативец, мина од Далас во Сакраменто. Кошаркарот во 2015 година со Голден Стејт Вориорс, ја освои титулата во НБА лигата, а година дена подоцна со репрезентацијата на САД го освои олимпиското злато во Рио де Жанеиро.
До средата тој беше член на тимот на Далас, а изненадувачката информација дека станал член на Сакраменто била објавена додека го играч мечот против Шарлот.