Властите во Амстердам планираат да им забранат на туристите да купуваат марихуана

Властите во Амстердам имаат во план да донесат закон со кој ќе им се забрани на туристите од кофи-шоп да купуваат хашиш или марихуана пишува „Гардијан“.

Градоначалникот Фемке Халесма смета дека со ваквата мерка ќе успее да го спречи туризмот со дрога. Ако Градското собрание го одобри планот, само жителите на Холандија ќе имаат пристап до продавниците за канабис, но ќе мора да приложат лична карта или пасош.

Во Амстердам особено привлечни за туристите се и местата со црвени фенери за легална проституција. Градот кој брои околу 1,1 милион луѓе, е атракција за повеќе од 17 милиони туристи во годината. Во 2019 година, повеќе од 20 милиони туристи го посетиле ова место.

 

Scroll to Top