Властите во Шведска им забраниле да го крстат синот Луцифер

Шведските власти го одбиле барањето на брачна двојка која сакала нивниот син да го крстат Луцифер. Како што пренесува Her.ie, во образложението стои дека името Луцифер има конотација со поимот ѓавол. Властите сметаат дека детето во животот би можело да се соочи со бројни проблеми поради ваквото име.

Родителите сакале да го крстат Луцифер, затоа што им се допаднало каков звук имало, а не поради тоа што се приврзаници на сатанизмот. Интересен е фактот дека постојат неколку луѓе во земјата кои се крстени со ова име.

Во 2017 година, воведени се рестриктивни закони по ова прашање. Неодамна еден четириесетгодишен маж, со години се обидувал да го промени своето име во Белзебуб, но шведските власти му го одбиле ова барање, затоа што станува збор за име кои исто така асоцирало на Сатаната.

Името Луцифер во превод на латински значи носител на светлината.

 

 

Scroll to Top