Екипа од истражувачи одлучила да се впушти во нова авантура, па посетила куќа на поранешен наркобос. Како и што било очекувано, оваа екскурзија не била воопшто пријатна затоа што многу сцени потсетувале на сцени од крими-серии и филмови.
Според информациите до кои дошле пред да заминат во оваа подрачје, куќата ја изнајмиле криминалци со седиште во Лондон. Тие плаќале 5.500 евра кирија за да живеат таму.
Инаку, сопственичката на оваа куќа била сопруга на Клиг Ричард, англиски пејач кој беше познат во 60-тите години. Таа куќата ја добила по разводот со кантавторот.
Истражувачите наишле на неверојатни сцени. Ги снимиле внатрешноста на куќата и целиот хаос што останал зад луѓето што последни живееле тука.
Ѕидовите биле оштетени, а по подовите имало расфрлани разни предмети и отпадоци. Она што ситуацијата ја направило пострашна е што немало струја и што момчињата морале да се движат во темница не знаејќи што ги чека во следната просторија.
Во кујната забележале дека тече гас и со пламен тоа го потврдиле. Непознато е зошто гасот цело време бил потенцијална опасност.
Она што ги вознемирило се крвавите органи во мијалниците, а повеќето од нив потсетувале на срца. Се ширела ужасна смрдеа од куќата.
Тензијата започнала да расте кога наишле на макета од куќата во која биле, а шокот следувал дури кога затекле недопрен луксузен лустер во една од собите. Дури ниту полиците со книги не биле вистински, туку зад нив имало таен премин.
Гледајте го видеото и дознајте какви тајни криеле балконите во куќата што ја посетила оваа екипа.