Во Британскиот музеј изложба на злато замрзнато во времето

На изложбата ќе бидат претставени преку 200 предмети кои го отсликуваат начинот на живот кој го воделе Скитите.

Во Британскиот музеј, во септември ќе биде псотавена изложба на која ќе се прикаже древната култура на номадското племе Скити од древен Сибир. Оваа изложба својата приказна ќе ја раскаже, првенствено преку возбудливите археолошки откритија, и совршено зачуваните објекти замрзнати во времето.

На изложбата ќе бидат претставени преку 200 предмети кои ќе го отсликуваат начинот на живот кој го воделе Скитите, а некои од нив се навистина интересни, како што се парчињата човечка кожа, на која можат да се забележат и тетоважите, кои се одржани благодарение на ниските темпераетури во Сибир.

Во реконструираната ледена комора, која всушност претставува гробница во која се откреини, се наоѓа и крзнена облека, коњски покривачи, како и застрашувачка маска од глина која е украсена така да потсетува на тетоважии кои покојните ги имале на своите лица.

Многу се интересни и инспиративни парчињата накит од злато, како и златните украси кои специјално се користеле за да ја украсат својата облека.

 

 

Бидејќи биле воен народ, голем број на оружја, како кратки мечеви, лакови за стрелаштво, обоени штитови, оклопи и кациги, ќе се најдат на изложбата.

Посебно возбудливо е тоа што во гробниците се пронајдени и семенки конопи, кои остнале сочувани, како да се од вчера.

Scroll to Top