„Наместо фокусирање на различностите, сакаме да се фокусираме на она што ни е заедничко. Луѓето во своите култури имаат потреба да обележат значајни пресвртници во својот живот“, вели Ана Булк Милер, портпаролката на асоцијацијата „Церемонирум“.
Во Копенхаген набргу би можело да се отвори првата верска неутрална институција, која ќе им овозможи на верниците и на оние што не се тоа да празнуваат или да ги одбележат деновите, разните ритуали и важните моменти од својот живот.
Градската управа на Копенхаген е подготвена да потроши околу 800.000 долари на верски неутралната црква, која ќе биде еднакво отворена за верниците и за тие што не се тоа.
Според зборовите на Тони Петерсен од Социјаллибералната парија, таа идеја била на маса уште во 2009 година, а парите веќе се потрошени на прелиминарниот дизајн, пишува данскиот весник „Политкен“.
Жителите на Копенхаген кои не се следбеници на ниту една верска група станаа бездомници и поради тоа е потребна нова рамка за крштевање, преминување од детство во адолесценција, венчавки и погреби“, изјави Петерсен.
Според предлогот на групата архитекти Свендборг, гробиштата Биспебјерг, кои повеќе не се користат, ќе бидат претворени во верски неутрални светилишта и во нив ќе нема никакви верски обележја.
„Такво нешто не постои во светот, Данска ќе стане земја позната по својата разноликост. Наместо фокусирање на различностите, сакаме да се фокусираме на она што ни е заедничко, а тоа е дека луѓето во своите култури имаат потреба да ги одбележат значителните пресвртници во својот живот“, изјави Ана Булк Милер, портпаролката на асоцијацијата „Церемонирум“.
Лона ре Милкер, претседателката на групата „Хуманистичка заедница“, која ги организира неверските обреди, вели дека секој има потреба да ритуализира разни моменти од својот живот, дури и ако не е верник.