Во Египет откриени остатоци од непознат вид диносаурус

Во Египет се откриени остатоци од досега непознат вид диносаурус, кој живеел пред 100 милиони години.

Остатоците се пронајдени само неколку дена по објавата дека е пронајдена египетска гробница на високи свештеници стара 4400 години.

Во периодот на крајот на мезозоикот областа била прекриена со џунгла и значително се разликува од она што доктор Хесам Салам и неговиот тим дипломирани студенти го откриле кога почнале да го истражуваат местото во 2013 година.

Тимот внимателно ископал коски од вилица, нос и други фосили и ги донел во Палеонтолошкиот центар за проучување на ‘рбетниците на Универзитетот во Мансури, пренесува „Гласот на Америка“.

Пронајдениот дел од скелетот укажувал на сличност во анатомијата на диносаурусите со европските џинови од истиот тој период, што е во спротивност со теориите дека африканските диносауруси биле целосно изолирани во текот на мезозоикот. Истражувачите се надеваат дека под песокот се кријат уште откритија.

„Со сигурност може да се каже дека овие диносауруси нешто ловеле. Како и во секој екосистем, доколку отидеме во џунгла ќе пронајдеме лав и жирафа. Значи, пронајдовме жирафа, но каде е лавот? Тоа е она што ќе се обидеме да го откриеме“, вели водачот на тимот Хешам Салам.

„Жирафата“ е наречена Мansurosaurus Šahine, според Универзитетот од каде што доаѓа истражувачкиот тим и еден од основачите на палеонтолошкото одделение.

 

Scroll to Top