Во град во Аљаска сите жители живеат во една зграда

Во градот Вајтер на Аљаска сите жители живеат во иста зграда, која е изградена за време на Студената војна во 1974 година.. Градот, кој има само 217 жители, обично го нарекуваат „градот под еден покрив“.

До овој град се доаѓа само со брод или преку тунел со една лента. Полициската станица, самопослугата, клиниката,
црквата и училиштето се сместени во рамките на истиот објект. Во истата зграда се сместуваат и туристите што понекогаш доаѓаат во Вајтер. Градските власти велат дека годишно градот го посетуваат околу 10 до 20 туристи.

 

Scroll to Top