Во Кина пронајдени фосили на 215 јајца од птеросаурус

Во северозападна Кина научниците денеска открија фосили на 215 јајца од птеросаурс, меѓу кои 16 што биле делумно остатоци од ембриони.

Најновото откритие ги довело доказите дека овие летачки рептили, кои живееле заедно со диносаурусите, раѓале младенчиња што во раните фази од животот не можеле да летаат и им била потребна родителска нега, пренесува „Ројтерс“.

Фосилите на стотина машки и женски возрасни единки од видот Hamipterus tianshanensis, кои се хранеле со риба, се пронајдени покрај фосилите од младенчињата и јајцата во автономниот регион Синѓијанг Ујгру. Овој вид кој живеел пред 120 милиони години во периодот креда можеби станал најизучуваниот меѓу сите петросауруси.

„Сакаме овој регион да го наречеме рај на птеросаурусите, изјави палеонтологот Шунсинг Ѓијанг од Институт за палеонтологија на ’рбетниците и палеоантропологија при Кинеската академија на науките.

Возрасните единки на овој дамнешен изумрен вид имале издолжена глава, остри заби и распон на крилјата поголеми од 3,5 метри.

Досега не е пронајдено ниту едно јајце на птеросаурус со ембриони зачувани во три димензии.

Инаку, птеросаурусите биле првите летачки ’рбетници на Земјата, напоменува британската агенција.

 

Scroll to Top