Во Кина се плаќаат 64.000 евра за невеста

By

Поради поголемиот број на мажи, од жени во Кина, невестите достигнуваат астрономска цена, а општеството и економијата мораат да се прилагодат на новонастанатата ситуација, пишува „The Economist“, во еден нивен неодамнешен текст.

dobivaj vesti na viber

Кинезите многу повеќе ги вреднуваат синовите од ќерките. Така, во оваа земја, невестите откако ќе се омажат се селат во домот на мажот, каде мора да се грижат за свекрвата и свекорот.

Но, за разлика од земјите во кои се плаќа мираз, во Кина се плаќаат невестите. Од родителите на младоженците, се очекува да ја платат венчавката и на двојката да им дадат пари и имот, а цените за невестата веќе со години вртоглаво растат.

Според извештаите од тамошните медиуми, родители те на педесетгодишниот Рен од селото Пи, во предградието на Пекинг, на времето за неговата жена дале 800 јуани (околу 100 евра). Рен за невестата за својот син пред 12 години платил десет пати повеќе, а за жената на својот неодамна оженет помлад син морал да издвои дури 100.000 јуани (речиси 13.000 евра).

ПОЛИТИКАТА НА ЕДНО ДЕТЕ Е ВИНОВНА?

Во светот на секои 100 девојчиња се раѓаат 105 момчиња. Бидејќи машката стапка на смртност е нешто повисока од женската, бројките обично се изедначуваат за време на пубертетот. Но, поранешната кинеска политика на едно дете го наруши овој природен баланс. Многу мајки во желбата да добијат син ги отфрлаат женските фетуси, па така во 2010 година на секои 100 девојчиња во Кина се родени 119 момчиња. Демографите проценуваат дека во Кина денеска недостигаат повеќе од 60 милиони жени, пренесува nezavisne.com.

ВИСОКИ УБАВИЦИ

Источнокинеската провинција Шандонг се наоѓа меѓу метрополите Пекинг и Шангај. Размената на девојчиња и момчиња во провинцијата на почетокот на деценијата изнесувала 100:123. Тамошните девојки на големо се познати по својата необична убавина и висина, па често во потрагата за работа и љубов се селат во големите градови. Поради тоа, цените на невестите во таа провинција за кинеските стандарди се прилично неверојатни.

Цената за невестите во селото Жонгденглоу во Шандонг пред 10 години изнесувала од 2.000 до 3.000 јуани. Денеска се движи межу 200.000 и 300.000 јуани, а не е необично за невестата да се плати и до 500.000 јуани (околу 64.000 евра). Пристојната годишна заработка во оваа провинција изнесува 50.000 јуани.

НЕВЕСТИ ИМА, МАЖИТЕ ПО 25. ГОДИНА СЕ КАКО ЛАНСКИОТ СНЕГ

Бројките се слични и во другите села. Поради тоа, во Кина вдовиците со леснотија наоѓаат нови мажи. За разлика од нив, мажите веќе по 25. година се како ланскиот снег.

Големи се шансите дека брачната криза во Кина ќе потрае со децении, а потоа ќе се реши самата од себе. Кинеските семејства веќе се приспособуваат на новонастанатата ситуација. Како што наведува Лихонг Ши, американски антрополг, сè повеќе синови на Кинезите почнуваат да се сметаат за економски товар.

Спорет статистиката на кинеската влада, бројот на момчињата во однос на девојчињата во 2015 година паднал на 114:100.

 

 

 

 

 

 

Ќе ви се допадне

may88 nhà cái cho go88

SunWin - Game đổi thưởng hấp dẫn uy tín hàng đầu sunwin house bradford sunwin download