Во контејнер нашол вредни уметнички дела од 17. век

Вредни уметнички дела насликани на платно, стари 350 години, биле пронајдени во контејнер на паркинг во близина на Нирнберг. Лицето кое ги нашло им ги предало на полицијата во Келн.

„Првите проценки на експертите биле дека двете слили веројатно се оригинални“, откриле истражителите.

Една од сликите е на Саумел ван Хогстратен, холандски сликар од 17. век, кој бил ученик на Рембрант. Втората слика најверојатно е на италијанскиот сликар Пјетра Белотија, исто од 17. век. Властите се обидуваат да утврдат како двете уметнички дела се нашле во ѓубрето.

Полицијата ги објавила сликите на интернет и побарала информации за тоа како истите се нашле во контејнерите.

Scroll to Top