Втората најмала држава на светот е Монако со 38.000 жители. Таа претставува најгусто населена земја во светот, но и дом за 12.261 милионери. Оваа бројка на лица со многу пари скокнала за 12 % во период од само пет години.
Во оваа земја секое трето лице поседува милион долари, пишува „Бизнис-инсајдер“. Стапката на сиромаштија во државата е рамна на нула, а БДП по глава на жител изнесува 165.420 долари.
Монако е една од четирите земји во која БДП по жител надминува 100.000 долари. Прв на таа листа е Лихтенштајн со 166,021 долари, втор е Монако, а следуваат Луксембург и Бермудите.
Од вкупниот број жители, дури 75% се дојденици, односно постојани жители кои се родени надвор од земјата. Во Монако се наоѓа и една од најскапите улици во светот. Авенија Принцезата Грејс го доби името по глумицата Грејс Кели, некогашната принцеза на Монако.
Освен што е исклучително скап, Монако е и безбеден град. Станува збор за едно од најбезбедните места во светот. Има еден полицаец на сто жители и целиот град е покриен со 24 часа безбедносен надзор.