Во океаните завршиле 1,56 милијарда маски

By

Во текот на 2020 година се произведени речиси 50 милијарди маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарда завршиле во океаните, покажуваат податоците на групата Oceans Asia.

Во извештајот се наведени застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата. Со оглед на количината маски што завршила во нив, се проценува дека е потребно да поминат дури 450 години за тие се распаднат.

Во извештаите е наведено дека дури 3 % од 52 милијарди произведени маски завршиле во нашите води. Тоа се загрижувачки податоци затоа што пластичниот отпад годишно усмртува околу 100.000 морски цицачи и желки, повеќе од милион морски птици и уште поголем број риби.

Пластичниот отпад не влијае само на морскиот живот, туку и на крајбрежната заедница, риболовот и економијата. Пластичниот отпад е драстично зголемен во текот на минатата година поради пандемијата на коронавирусот, со оглед на обврзаноста да се носат заштитни маски и ракавици.

Тоа негативно се одразува на природата.

„Еднократните маски се направени од разни видови пластика и тешко се рециклираат поради својот состав, ризикот од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе се фрлат и кога системот со управување на отпадот не е адекватен“, е наведено во извештаите.

Отпадот нанесува штета на океаните и животните, а пример за тоа се и пцовисаните пингвини пронајдени на плажите. Во еден од нив во неговиот желудник била најдена маска.

Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија, кои може да го минимилизираат влијанието на пластичниот отпад. Меѓу нив се маските што може да се користат повеќепати и кои се направени од материјал погоден за рециклажа.

Во секој случај потребно е маските и ракавиците да се фрлаат на адекватен начин. Исто така, важно е да се избегнуваат пластични пакувања и да се изберат еколошки прифатливи алтернативи.

 

 

 

Ќе ви се допадне

Black Clover (https://animefreak.ws/m/x178) Episode 160 at website https://animefreak.ws animefreaks website

Watch Spirit Chronicles Episode Preview at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free account reddit