Во потрага по малезискиот авион откриле остатоци од исчезнати бродови

Истражителите што сѐ уште се во потрага по исчезнатиот малезиски авион во Индискиот Океан откриле нешто сосема неочекувано.

Кога се пронајдени два поголеми објекта недалеку од брегот на Западна Австралија, сите се надевале дека тоа има некаква врска со исчезнатиот авион.

Но, пронајдени се остатоци од два трговски брода од 19 век за кои се верува дека пренесувале јаглен.

Тие се пронајдени на околу 2.300 километри подалеку од брегот, на длабочина од 3.700 метри до 3.900 метри, на меѓусебна оддалеченост од 36 километри.

Еден од остатоците се верува дека претставува дел од бродот „Вест риџ“, изграден во Шкотска, кој исчезнал додека пренесувал британски јаглен во Индија во 1883 година.

Музејот од Западна Австралија ја објавил фотографијата од другите остатоци што биле пронајдени, но се знае дали станува збор за бродот „Коринга“, кој исчезнал во 1894 година или за Лејк Онтарио, брод на кој му се губи секаква трага во 1897 година.

Во меѓувреме потрагата по малезискиот авион продолжува, а малезиската влада ветила дека ќе даде 20 милиони долари во случај некој да ги пронајде авионот или црната кутија.

Scroll to Top