Во Прилеп ќе се одржи интернационален џез-викенд

Со настап на Биг бендот на Здружението на џез-музичарите на Македонија вечерва во Прилеп ќе започне шестиот Интернационален џез-викенд.

Манифестацијата ќе трае три дена, а ќе учествуваат најактуелните џез-музичари од регионот.

На летната сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ концерт ќе одржи и легендарниот тапанар Круно Левачиќ со својот квартет „Д Проблемс“, а во фоајето на Центарот за култура ќе се одржи промоција на компакт-дискот „Пет години Prilep Jazz Weekend“.

Утре публиката ќе ужива во концертите на Џон Илија Апелгрин и Мартин Ѓаконовски – Трио и во настапот на белградскиот хип-хоп изведувач Марчело.

Фестивалот ќе се затвори на 26 август со украинскиот саксофонист Maкс Кочетов и неговиот квартет, а концерт ќе има и француското трио „Метакроник токинг“.

Фестивалот нуди и богата оф-програма со промоции, изложби, концерти и перформанси. Изложба на „ECM кавер фотографии“ на Fotini Potimia aka LAMP, A bass to bass performance на Гоце Јованоски и Дине Донеф, но и аудиовизуелен перформанс на Тома Домовски и Дине Донеф.

Сите концерти и перформанси се одржуваат во Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Scroll to Top