Ресторанот за брза храна „Пабло-Ескобургер“ во Мелбурн во Австралија се нашол на удар во јавноста, по објавените фотографии на кои служат бургери со лажен кокаин и пари. На социјалните мрежи голем број од луѓето веднаш почнале со објава на јавни критики против употребата на дрога.
Како и сите ресторани ширум светот така и овој се труди преку оригинално јадење да привлече колку е можно повеќе муштерии. Но, нивното мени се разликува од другите, па така тука можете да нарачате „патрон-бургер“, кој доаѓа со линија бел прав преку лепчето, и лажната банкнота од 100 долари.
Бургерот се служи со пластична вреќичка полна со бел лук и прав и сребрена лажичка. На овој начин, ресторанот јасно му дава почест на прочуениот Пабло Ескобар, еден од најголемите нарко-шефови во светот.
Со алудирањето на кралот на кокаинот, некои љубители на хамбургери сметаат дека сопствениците на рестораните се наивни и дека не знаат за болката и стравот кој Ескобар го предизвикувал за време на своето владеење.
„Славењето на зависност од дрога и шега на нечија сметка е глупаво и нечувствително“, вели еден од коментарите.
Но, имало и такви кои произведувале „оригинален дизајн“ и изјавиле дека досега немаат видено вакво нешто. На крајот се огласил и сопстеникот на ресторанот, бранејќи го своето контроверзно мени.